Достапни линкови

Македонија сега веќе не може ништо да направи за да ги спречи санкциите на ЕУ за визната либерализација, вели поранешниот државен секретар во одделот за европски прашања, Перо Димшоски. Визите станаа повторно актуелни откако известувачот на Европскиот парламент за визната либерализација Тања Фајон изјави дека Унијата е загрижена поради новиот лажен бран на азиланти од Србија и Македонија и затоа двете земји мора да се соочат со санкции, а не се исклучува и можноста од повторно воведување на визи. ЕУ година и половина испраќа пораки до Македонија, а имаше и
Македонија не реагираше одлучно и резолутно во насока на спречување на лажната емиграција, значи таа азилантска емиграција.
посети од тамошни државници, кои се обидуваа да се спречи бранот на азиланти, но нашите политичари речиси ништо не преземаа, вели Димшоски.

„Македонија не реагираше одлучно и резолутно во насока на спречување на лажната емиграција, значи таа азилантска емиграција. Користењето, злоупотребата на статусот азилант што го даваат одредени земји членки на ЕУ.“

Македонски баратели на азил се враќаат од Брисел, откако беа одбиени за азил на 10 март 2010

Европарламентарката Фијон апелираше до политичарите од двете земји да реагираат за да не дојде до ситуација која никој не ја посакува. За темата визи, Советот на министри за внатрешни работи и правда ќе расправа на почетокот на јуни.

Коментирајќи ги ставовите на Фајон, вицепремиерот за европски интеграции Васко Наумовски рече дека Македонија не ја доби визната либерализација, како подарок, туку врз основа на работата и конкретните резултати. Наумовски, на прославата на Денот на Европа, изјави дека не верува дека Македонија е една од државите на која ќе им биде укината визната либерализација, затоа што како држава
Мали се шансите да ни ја одземат визната либерализација. Освен ако се реши на ниво на ЕУ што ќе го опфати целиот Западен Балкан. А, исклучиво Македонија без Западен Балкан шансите се
доста мали.
покажала дека континуирано се справува со сите предизвици кои ги носи овој процес.

И Професор Здравко Савески вели дека мали се шансите само на Македонија да и бидат укинати визите.

„Тој наплив на имигранти, пред се во однос на африканските земји и оттаму главно би оделе нелегалните имигранти. Тоа значи, мали се шансите да ни ја одземат визната либерализација. Освен ако се реши на ниво на Европска uнија што ќе го опфати целиот Западен Балкан. А, исклучиво Македонија без Западен Балкан шансите се доста мали.“

Пред неколку денови министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, апелираа до граѓаните да не ја злоупотребуваат визната либерализација и да ги намалат барањата за азил кон западноевропските земји.

Од МВР велат дека како дел од мерките се воспоставување на Комитетот за следење на активностите поврзани со имплементација на визната ливерализација, а преземаат и репресивни мерки кон оние кои вршеа туристички превоз кон земјите од Унијата без потребна документација.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG