Достапни линкови

Едмонд Темелко повторно избран за градоначалник на Пустец


Кандидатот на Македонска алијанса за европска интеграција, Едмонд Темелко на локалните избори во Албанија освои втор мандат на градоначалник на општина Пустец, јави МИА. Сегашната победа е уште поубедлива, што потврдува дека Македонците се се посвесни и поубедени дека со избор на кандидат од нивната партија за прв човек на општина добиваат многу повеќе, отколку својот глас да го дадат за кандидати од друга партија, изјави Темелко. Тој вети продолжување на активностите за остварување на правата на Македонците во Албанија. Темелко потврди дека се освоени и повеќе советнички места во неколку општини, а потенцираше дека е убеден во победата на Едмонд Османи за градоначалник на Требиште, каде што пребројувањето на гласовите се очекува да заврши денеска.
XS
SM
MD
LG