Достапни линкови

Заеднички предлог за помош на ЕУ за Западен Балкан


Во Загреб вчера на претставници на Европската Комисија им е изложен заедничкиот предлог на земјите од Западен Балкан за поефикасна помош на државите кои се во процесот на пристапување кон ЕУ. Предлогот опфаќа постепено зголемување на средствата, поедноставување на правилата, поголема улога на националните институции во подготовките на проектите и основање на гаранциски фонд за Западен Балкан. Претставници на Европската Комисија ќе го разгледаат предлогот во наредниот период.
XS
SM
MD
LG