Достапни линкови

Рен: се подготвува нов план за помош на Грција


Оли Рен

Оли Рен

Европскиот комесар за економски и монетарни работи Оли Рен потврди дека се подготвува нов план за помош на презадолжената Грција и оти детали за тоа ќе бидат објавени за неколку недели. По вчерашниот состанок на Европската Комисија во Стразбур, Рен изјави дека во Атина се наоѓаат мисии на ММФ и на Европската централна банка, кои ја проверуваат состојбата на грчките финансии и врз основа на нивните наоди ќе биде донесена одлуката.
Според проценките, долгот на Грција би можело да изнесува 150 проценти од Бруто домашниот производ, па затоа во ЕУ деновиве се шпекулира за потребата од нова помош, една година откако на Атина и беше одобрен пакет на помош од 110 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG