Достапни линкови

Запленет имот на неаполската мафија во вредност од 600 милиони евра


Италијанската полиција вчера заплени имот и банковни сметки во вредност од над 600 милиони евра и уапси седуммина сомнителни лица во големата операција во Рим и Неапол против кланот Камора, неаполската мафија. Запленети се меѓу другото околу 900 имоти, 23 фирми и 200 сметки во банките, како и возила и мотори кои припаѓаат на кланот Малардо, соопшти полицијата, додавајќи оти меѓу уапсените е и наводниот шеф на кланот Фелициано Малардо.
XS
SM
MD
LG