Достапни линкови

Концерти на „Сетстат“ во Хрватска


Македонскиот состав СЕТСТАТ

Македонскиот состав СЕТСТАТ

Македонскиот состав СЕТСТАТ, по одличниот настап на фестивалот АЛАРМА ПАНК-ЏЕЗ во бугарското национално радио, деновиве ќе одржи и серија на концерти во Хрватска.

СЕТСТАТ, пред нецела недела, со одбран репертоар од досегашните албумски објави, ја воодушевија публиката на нивниот концерт во Софија. Нашите музичари го отворија вториот дел од петтото издание на фестивалот АЛАРМА ПАНК ЏЕЗ што се одржува во студиото 1 на Бугарското национално радио и кој го потпишува новинарот Цветан Цветанов, инаку
Салата беше преполна, реакциите беа одлични, добивме понуда од септември месец за уште еднаш концерт за нивната национална
телевизија.
силен промотор на современата македонска сцена во своите емисии и работилници.

„Салата беше преполна, реакциите беа одлични, добивме понуда од септември месец за уште еднаш концерт за нивната национална телевизија, така што мислам дека посетата беше повеќе од успешна“, вели Владан Дробицки, гласноговорник на составот.

СЕТСТАТ, осоколени од овој успех, деновиве повторно тргнуваат на пат. Нивно одредиште најнапред е загребскиот КСЕТ, на 13 мај ќе свират во пулската Јазбина, а серијата концерти ја завршуваат еден ден подоцна во џез-клуб Тунел во Ријека.


„Всушност ова не требаше да биде мини турнеја туку изворно беше планирано околу 15 концерти, но поради економската криза повеќе од концертите се откажаа и моравме да се фокусираме на неколку за нас доста битни концерти.“

Интересно е и тоа што СЕТСТАТ по враќањето ќе бидат една од перјаниците на третото издание на џез фестивалот во Штип кое ќе се одржи до крајот на овој месец, а групата го очекува и излегувањето на својата нова, петта по ред, албумска објава.
Албумот ќе се вика „Кораб“ некаде околу 53 минути чиста музика има на него, 7 композиции се во прашање и доста е различен од се што сме работеле до сега.
Материјалот за ова издание веќе е снимен во студиото на телевизија АЛФА и планирано е да се појави со етикета на СКОПЈЕ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ во пресрет на неговиот голем јубилеј – 30 годишнината од постоењето на манифестацијата.

„Албумот ќе се вика „Кораб“ некаде околу 53 минути чиста музика има на него, 7 композиции се во прашање и доста е различен од се што сме работеле до сега.“

Инаку, Владан Дробицки – тромбон, Васко Бојаџиски – саксафон, Александар Николовски – труба, Панче Бујуклиев – пијано, Павел Дробицки – бас и Гоце Наумов – тапани, досега со голем успех музицирале на џез фестивалите во Скопје, Белград, Загреб, Сараево, свиреле на УМБРИА ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, ЕГЗИТ, НИШВИЛ и на други значајни регионални музички манифестации.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG