Достапни линкови

Живот во сиромаштија


Јован и Соња Стојкоски

Јован и Соња Стојкоски

Семејството на Јован Стојкоски од Прилеп живее во страшна сиромаштија, откако фирмата во која работел отишла во стечај и останал и без минималната плата која ја заработувал.

Четириесет и седумгодишниот прилепчанец Јован Стојкоски е стечаен работник на некогашната фирма Агромариово, каде работел како овчар и со минималната плата се грижел за егзистенцијата на своето семејство. Но, откако фирмата пропаднала, изминативе две децении неговото четиричлено семејство живее во стравотна сиромаштија. Куќата секој момент може да се сруши, вратите се откорнати, ѕидовите урнати, покривот од трска и малтер е искршен целосно, па кога врне им тече река од вода на сите страни низ
Без струја, ништо си седам со свеќа навечер, сите седат, а јас легнувам уште со кокошките, сите светат, а јас седам така без струја со свеќа. Машина немам, немам ништо, немам ни телевизор, ни фрижидер, немам ништо. Мене дојде ред да ме исклучуваат, лани-така, годинава-така. Е веќе не можам да трпам, и јас сум оболена.
куќата, која повеќе личи на колиба. Пари за храна немаат, ниту пак кој да им помогне.

„Што ќе најдеме тоа, кромид-кромид, лук-лук, сол и пипер јадам, солца ако е потребно и леб така макаме, ви се верува, а некои јадат што сакаат, тоа ли е живот“, вели сопругата Соња Стојкоски.

И покрај долгогодишната сиромаштија, тие сепак успеале да ги одгледаат двата сина, кои неодамна заминале по белиот свет да се борат за егзистенција. Но, родителите кои се со извесна ментална попреченост, останале немоќни па ја живеат тажната и стравотна судбина. На гола земја, само со еден шпорет за дрва, се греат со студените ноќи. Потпалуваат картони што ги собираат од дуќаните или ја топат пластиката на шишањата што ќе ги најдат фрлени во ѓубриштата. Ако некој помине ќе им остави храна, ако не гладуваат со денови, без визија за иднината и без решение. Деновиве им ја исклучиле и струјата, поради долг од 20.000 денари, па сега живеат во целосен мрак.

Соња Стојкоска

„Без струја, ништо си седам со свеќа навечер, сите седат, а јас легнувам уште со кокошките, сите светат, а јас седам така без струја со свеќа. Машина немам, немам ништо, немам ни телевизор, ни фрижидер, немам ништо. Мене дојде ред да ме исклучуваат, лани-така, годинава-така. Е веќе не можам да трпам, и јас сум оболена“, зборува плачејќи Соња.

Ако треба да се напијат чаша со вода, треба да одат во дворот и да ја откопуваат славината, затрупана со земја. Револтирани и немоќни да ги решат проблемите на Стојкоски, а сепак загрижени да не им се сруши куќата во следното невреме, соседите реагираат.

„Луѓето се да седнеш да ги тажеш, за грев се, ниту се влегува дома, ниту да влеземе, ниту да сториме, куќата ќе му падне, а ние околу си гледаме сеир. Сум му дала еднаш да јадат, што ќе направиш со еднаш, ниту имаат да се завиткаат, ниту да си постелат“, вели Доста Карческа.
Луѓето се да седнеш да ги тажеш, за грев се, ниту се влегува дома, ниту да влеземе, ниту да сториме, куќата ќе му падне, а ние околу си гледаме сеир.

А, од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа признаваат дека ова семејство не е адекватно згрижено.

„Можеби тука значи затаила и работата на стручните работници. Јас досега не сум имала сознанија во каква тешка состојба е ова семејство, исклучително потешка отколку другите кои се на истото ниво, кои го користат истото право“, вели Снежана Јованоска, директорка на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

Таа вети дека итно ќе бидат преземени сите мерки, семејството Стојкоски да ја добие соодветната социјална заштита што согласно со законот ја пружа државата. Јованоска, најави еднократна парична помош, помош во совети и сугестии за остварување на правото на пензија доколку има можност, лекарски прегледи за утврдување на комплетната психофизичка состојба на двајцата сопружници и соодветна нега или друга помош, а евентуално решавање на станбеното прашање.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG