Достапни линкови

СРД реагира против медиумите кои ги прекршиле правилата во предизборието


Советот за радиодифузија на последната седница им изрече мерки на радиодифузерите кои што ги прекршиле правилата за медиумското покривање на предизборните активности. Организацијата соопшти дека прекршочни постапки се покренати против телевизиите АЛБ поради емитување платено политичко рекламирање и Канал5 поради тоа што при објавување резултати од испитување на јавното мислење не обезбедиле доволно информации врз основа на кои јавноста ќе може да ја процени веродостојноста на испитувањето. Укажувања се испратени до ТВ А1 поради емитувани реклами, финансирани од буџетите на општините, Радио Метрополис поради емитување на реклами на државни органи, финансирани од буџетот, МТВ1 поради емитувани реклами на државни и органи на градот Скопје, финансирани од државниот и буџетот на градот, ТВ Сител, поради емитување реклами на државни органи, финансирани од народната каса.
XS
SM
MD
LG