Достапни линкови

logo-print

Мајкрософт ќе го купува Скајп ?


Медиумите јавуваат дека софтверскиот гигант „Мајкрософт“ се подготвува да ја купи компанијата за интернет телефонија „Скајп“. Станува збор за едно од најголемите зделки до сега , „тешка“ неколку милијарди американски долари. Весникот „Волстрит Џурнал“ пишува дека договорот вреди 8,5 милијари долари. Од „Мајкрософт“ и „Скајп“ одбиваат да коментираат. Корисниците на мрежата „Скајп“ можат бесплатно да комуницираат со други корисници преку интернет. Фирмата обезбедува профит со тарифирање на повиците кон фиксни и мобилни телефони. Во февруари годинава „Мајкрософт“ се здружи со „Нокиа“, најголемиот производител на мобилни телефони во светот. И двете компании се борат за место на пазарот покрај другите производители како „Гугл“ и „Епл“.
XS
SM
MD
LG