Достапни линкови

Грчката филијала на Кока Кола покажа загуби


Грчката компанија „“Coca-Cola Hellenic Bottling Company SA“, втората по големина компанија на Кока Кола во светот за полнење безалкохолни пијалоци, покажа загуби од еден милион евра во првото тримесечие од годинава, предизвикани од повисоките цени на поризводите, пренесоа американските медиуми. „Зголемените цени за време на сезонски најмалку значајниот трговски период ја намалија нашата добивка за една четвртина“ изјави извршниот директор на компанијата Дорос Константину. Фирмата во послендото тримесечие од минатата година покажа нето добивка од 33 милиони евра. Грчката компанија е сопственик на Скопска пивара.
XS
SM
MD
LG