Достапни линкови

Рикер - се надеваме на фер и демократски избори во Македонија


Филип Рикер

Филип Рикер

„Се надеваме дека во Македонија ќе има фер и демократски избори. Веруваме дека сте способни да го направите тоа.
Ќе ги чекаме резултатите,“
изјави американскиот амбасадор во земјава Филип Рикер, јавува Радио Слободна Европа.
Запрашан да ги коментира последните случувања објавени во некои медиуми за постоење на списоци со сигурни гласачи, кои власта со притисоци ги бара од административците, Рикер изјави дека нема да се меша во изборите, бидејќи тоа се македонски избори, и се надева дека луѓето ќе ги пополнат гласачките ливчиња, и ќе учествуваат на изборите, како што тоа се прави насекаде во светот.
XS
SM
MD
LG