Достапни линкови

Бан Ки-мун поддржа независна истрага за трговијата со човечки органи на Косово


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун го проследи до Советот за безбедност на ОН барањето на Србија, оваа организација да спроведе истрага за тврдењата на специјалниот известувач на Советот на Европа Дик Марти за трговија со човечки органи на Косово, а истовремено поддржа и независна истрага за тоа, објави ОН.
Бан Ки-мун во најновиот тримесечен извештај за Косово, за кој Советот за безбедност на ОН ќе расправа во четврток истакнува дека е потребна целосна, непристрасна и независна истрага за наводната трговија со човечки органи на Косово, со силна програма за заштита на сведоци и целосна соработка на сите страни.
XS
SM
MD
LG