Достапни линкови

Босна и Херцеговина пред дестабилизација


ОН - Совет за Безбедност

ОН - Совет за Безбедност

Босна и Херцеговина се соочува со најлошата криза од 1995 година, кога беше склучен Дејтонскиот мировен договор. Тоа е заклучокот од извештајот на Високиот претставник за БиХ, Валентин Инцко, кој тој го претстави во Советот за безбедност на Обединетите нации. Инцко изјави дека Босна е без функционална влада со одамна замрена економија, и со се соочува со директен предизвик од Република Српска околу спорот со државните правосудни институции.


Во извештајот на Валентин Инцко, како што јавува нашиот дописник Никола Крастев, е претставена мрачна слика за земјата, која 16 години по војната е повторно на работ на пропаста. Државните инситуции на Босна и Херцеговина, како што изјави Инцко пред 15-члениот Совет за безбедност, е парализирана повеќе од седум месеци. Нема изгледи за формирање на новата влада, економијата е во надолно движење, и Република Српска му се заканува на интегритетот на земјата.
Мојата земја се противи на наметнување решенија и идејата за суспензија
е опасна.

Станува збор за намерата на Република Српска да биде одржан референдум за надлежностите на судските институции и одредени ингеренции на високиот претставник, односно за овластувањата кои му даваат дискреционо право да поништи или да наметне одлуки во рамките на Босна и Херцеговина и да суспендира избрани функционери. Инцко на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, му даде рок од една недела да се откаже од референдумот или да се соочи со суспензија. Во неговиот извештај се вели дека референдумот би претставувал сериозна повреда на Дејтонскиот мировен договор и предзнак за отцепување на Република Српска.

Ставови на Србија и на Хрватска

На соседите на Босна, Србија и Хрватска, иако не се членки на Советот им беше дозволено да дадат изјави на седницата. Феодор Старчевиќ, постојан претставник на Србија во ОН, изјави дека Белград има своја линија на комуникација со Република Српска, но исто така, и дека целосно ги почитува Дејтонскиот мировен договор и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина. Но, тој исто, така посочи дека Србија не го поддржува планот на Инцко за суспендирање на претседателот Додик, ако не се откаже од референдумот во рокот од седум дена:

Валентин Инцко

„Мојата земја се противи на наметнување на решение, бидејќи решенија треба да дојдат само од страна на легитимно избраните политички претставници на граѓаните. Сметаме дека идејата за суспензија на претставници на одредени народи е опасна.“

Според Старчевиќ, предложениот референдум во врска со надлежностите на судската власт во Босна и Херцеговина нема никаква врска со територијалниот интегритет на државата и не го крши Дејтонскиот мировен договор.
Преставникот на Хрватска Ратко Виловиќ, од друга страна, изјави дека неговата земја го смета референдумот како опасен и контрапродуктивен експеримент.

„Ние веруваме дека оваа одлука треба да се промени, затоа што го поткопува уставната структура на земјата. Ако референдумот се одржи, тоа може да поттикне нови тензии во земјата и во регионот.“

Виталиј Чуркин, постојан претставник на Русија во ОН, го критикуваше извештајот на високиот претставник Валентин Инцко. Русија, смета дека е неприфатливо произволно спроведување на т.н. бонски овластувања, со кои му се дава на високиот претставник да решава спорови и разрешува функционери во Босна и Херцеговина.

Педро Серано, в.д. шеф на делегацијата на Европската унија во Светската Организација изјави дека Унијата целосно ја поддржува работата на високиот претставник и неговите акции во врска со предложениот референдум во Република Српска кој е чекор во погрешна насока. Серано, исто така, порача дека ЕУ ги интензивира напори за да се олесни пристапот на Босна и Херцеговина во европските структури.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG