Достапни линкови

logo-print

Претседателот Иванов на Сесија на ОН во Женева


Претседателот Ѓорге Иванов и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун на средба на Самитот на НАТО во Лисабот на 20 ноември 2010

Претседателот Ѓорге Иванов и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун на средба на Самитот на НАТО во Лисабот на 20 ноември 2010

Претседателот Ѓорге Иванов денеска треба да се обрати на отворањето на Третата сесија на Глобалната платформа за намалување на ризици од катастрофи, која до 13 мај се одржува во Женева. Основна тема на Сесијата, организирана од Меѓународната стратегија на ОН за намалување на катастрофи, е „Инвестирај денес за посигурно утре - зголемено вложување во локалната акција“.

На маргините на конференцијата, претседателот Иванов ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун. Се очекува, на средбата да стане збор и за спорот за името чие решение се бара под покровителство на ОН.
XS
SM
MD
LG