Достапни линкови

logo-print

ЕУ воведе ембарго за оружје кон Сирија


Антивладини протести во Сирија

Антивладини протести во Сирија

Европската унија официјално усвои ембарго за оружје и воведе санкции против 13 сириски службеници кои се одговорни за острите мерки на режимот на Башар ал Асад против демонстрантите. Во соопштението на ЕУ се вели дека ембаргото и санкциите ќе стапат во сила денеска.

Во меѓувреме, ОН соопштија дека сириските власти не им дозволиле пристап до градот Дера‘а каде што антивладините демонстрации крваво се задушуваат. ОН сакаат да испратат тимови да ја проценат ситуацијата.

Според организациите за човекови права, повеќе од 600 луѓе биле
убиени за осум недели, откако започнаа анти-владините протести. Сирискиот претседател ал-Асад испрати војска и тенкови да ги задушат протестите.
XS
SM
MD
LG