Достапни линкови

logo-print

Христијаните од Египет протестираат против насилството врз нив


Момче гледа од прозорецот на црквата Св. Марија што беше запалена во судирите меѓу муслиманите и христијаните во саботата

Момче гледа од прозорецот на црквата Св. Марија што беше запалена во судирите меѓу муслиманите и христијаните во саботата

Стотици Египќани протестираа против насилството врз малцинството припадници на коптската христијанска црква. Протестите уследија по инцидентот кога муслимански банди запалија црква и предизвикаа немири во Каиро, при што загинаа 13 луѓе. Судирите избувнаа во саботата кога припадниците на ултраконзервативните муслимани-салафисти влегоа во црквата, во која веруваа дека една жена се држи како заложник, бидејќи ја напуштила својата вера и го прифатила исламот.

Демонстрантите ја критикуваа привремнаа воена влада во Египет. Тие се плашат дека автократското владеење на Мубарак ќе се замени со исламска држава, во која ќе се маргинализираат христијаните. Околу 10 отсто од речиси 80 ​милиони луѓе во Египет се христијани.

Властите вчера уапсиле 23 луѓе, меѓу кои и двајца обвинети за предизвикување немири. Американскиот Стејт департмент го осуди насилството во Египет.
XS
SM
MD
LG