Достапни линкови

logo-print

Иран разгледува буџет за 40 отсто потежок од ланскиот


Иранските државни медиуми јавија дека парламентот денеска го изгласал буџетот на земјата, тежок 508 милијарди американски долари. Со тоа, иранската народна каса годинава се предвидува да биде потешка за 40 проценти во споредба со лани. Новинската агенција ИРНА јави дека поголемиот буџет бил одобрен поради драстичното намалиување на субвенциите за храна и енергетика како и поради растот на цените на нафтата на светските пазари. Се очекува дека ако Народниот совет го одобри прегледот на државните приходи и расходи, за истиот ќе биде донесен закон за извршување.
XS
SM
MD
LG