Достапни линкови

Предупредување до Обединетите нации за политичка криза во Босна и Херцеговина


Валентин Инцко

Валентин Инцко

Врховниот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина денеска испрати предупредување до Обединетите нации, тврдејки дека земјата е соочена со најголемата политичка криза од крајот на војната во 1995 година. Валентин Инцко ги изнесува забелешките во извештајот до светската организација, во кој го споменува референдумот кој го предлагаат властите во Република Српска, на кој жителите би требало да ја изјаснат довербата во работата на државните институции и пресудите на Судот за воени злосторства. Инцко, согласно Дејтонскиот договор, го има последниот збор во врска со државните одлуки и претходно има најавено поништување на референдумот.
XS
SM
MD
LG