Достапни линкови

Предизборни најави и реакции за судски реформи


Подобрување на работата на судството и јавното обвинителство, отсртанување на министерот за правда од Судскиот совет и од Советот на јавни обвинители, намалување на глобите и формирање орган за спречување на корупцијата со професионален состав и зголемени надлежности и со овластување да поднесува кривични пријави до јавното обвинителство. Тоа, како што најави денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ Ана Павловска Данева, ќе го преземе нејзината партија ако ја освои власта на претстојните парламентарни избори. ВМРО - ДПМНЕ во писмена реакција посочува дека со таквите мерки партијата сака да го партизира судството. Во реакцијата е невдено дека Социјалдемократскиот сојуз имал 15 години да направи реформи во судството.
XS
SM
MD
LG