Достапни линкови

Палестинците останаа без пари поради Израел


Палестинските власти соопштија дека за прв пат од 2007 година не можат да исплатат плати за вработените во јавната администрација поради израелската одлука за замрзнување на даночните трансфери. Премиерот Салам Фајад рече дека одлуката на Израел, превземена како реакција по палестинското помирување со Хамас, ја довело владата во Рамалах во „невозможна финансиска ситуација“. Одлуката на израелската влада на чело со премиерот Бенјамин Нетанјаху стапи на сила на први мај, со што секнаа 70 проценти од приходите на палестинските власти.
XS
SM
MD
LG