Достапни линкови

Србија бара конкретна соработка од Европската унија


Потпретседателот на Владата на Србија за европска интеграција Божидар Ѓелиќ денеска најави дека Србија ќе направи се да го заштити безвизниот режим и дека од државите во ЕУ ќе побара конкретна соработка и податоци за азилантите со цел овој проблем да биде што побрзо решен. „Ние ќе го завршиме нашиот дел од работата, но очекуваме шенген зоната да ни даде елементи и информации за да можеме да делуваме“ изјави Ѓелиќ , додавајки дека еден од проблемите е тоа што земјите кои се жалат на голем број азиланти не сакаат да ги дадат имињата на тие луѓе и броевите на нивните патни исправи. Како една од мерките со цел да се избегне укинувањето на визната либерализација, Ѓелиќ најави дека ќе разгледа измени на кривичниот закон со што организирањето на илегална миграција ќе биде јасно дефинирана како кривично дело.
XS
SM
MD
LG