Достапни линкови

logo-print

Намален откупот на земјоделски производи


Откупот и продажбата на земјоделски производи во март 2011 година е намален за 15,1 отсто во споредба со март 2010 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 14,2 отсто, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 19,2 отсто. Намалување на вредноста на вкупниот откуп и продажба е забележено кај индустриските и фуражните растенија, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекото и млечните производи, додека зголемување е забележано кај: житата, градинарските растенија, овошјето и рибата.
XS
SM
MD
LG