Достапни линкови

Зголемени трошоците за живот


Трошоците на животот, мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во април во однос на март годинава, се зголемени за 0,3 отсто, а во однос на април лани за 4,8 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, анализирано по главни групи, пораст во однос на претходниот месец е забележан кај групата рекреација и култура за 1,6 отсто, храната и безалкохолните пијалаци и останати стоки и услуги за 0,6 отсто, алкохолните пијалаци, тутун, облека и обувки, домување, вода, електрика, гас и други горива, мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и транспорт за 0,1 отсто. Намалување на индексите на трошоците на животот за 0,6 отсто е забележано во групата комуникации.
XS
SM
MD
LG