Достапни линкови

Поевтинуваат бензините и горивата


Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а на дизел горивото за два денара. Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 76,50 денари, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 78 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 66,50 денари за литар. Се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари и ќе се продава по 58 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,6 денари и ќе изнесува 41,576 денари за килограм.
XS
SM
MD
LG