Достапни линкови

Домашен притвор и парична казна за Цеца


Високиот суд во Белград денеска го прифати договорот на фолк пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ и нејзината сестра Лидија Величковиќ Оцокољиќ со обвинителството, за признавање на вината да отслужи затворска казна во домашен притвор. Договорот е постигнат на почетокот на април. Цеца признава дека ги земала парите од продажбата на десет фудбалери на ФК „Обилиќ“ и дека без дозвола поседувала 11 пиштоли. На фолк пеачката и` е одредена казна од една година домашен притвор и 1.500.000 евра парична казна.
XS
SM
MD
LG