Достапни линкови

Сите напаѓачи во Кандахар се уапсени или убиени, потврди НАТО


НАТО соопшти дека сите бунтовници кои во текот на викендот ги нападнаа зградите на авганистанската државна администрација во Кандахар се уапсени или убиени. Насилството изби во саботата, кога група талибанци, вооружени со пушки бомби и ракети, иницираа напад на второто по големина населено место во земјата. Авганистанските власти потврдија дека 25 бунтовници, двајца припадници на безбедносните или и еден цивил загинале во инцидентот.
XS
SM
MD
LG