Достапни линкови

Во Москва воена парада за Денот на победата


Рускиот претседател Дмитри Медведев во говорот пред денешната воена парада на Црвениот плоштад по повод Денот на победата изјави дека Русија е посветена на мирот и стабилноста во светот. Медведев сепак, додаде дека модернизацијата и развојот на оружените сили остануваат клучен приоритет на рускиот државен врв. На парадата со која традиционално се одбележува победата врз нацистичка Германија во Втората светска војна учествуваа над 20 илјади војници и беше прикажана современа воена опрема. На парадата присуствуваше и премиерот Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG