Достапни линкови

Престрелки во предградие на Дамаск


Сириските организации за човекови права јавуваат дека се слушале престрелки во западното предградие на главниот град Дамаск. Агенциите, повикувајќи се на овие организации, јавуваат дека во тек биле апсења на опонентите на претседателот Башар ал Асад. Се додава дека ал Асад испрaтил тенкови во третиот по големина град во земјата Хомс за справување со седумнеделното востание против авторитарниот режим. Сириските организации за човекови права јавуваат дека во акцијата во текот на изминатата ноќ загинале неколку лица, меѓу нив и деца.
XS
SM
MD
LG