Достапни линкови

logo-print

Во Истанбул самит на најсиромашните земји во светот


Tурскиот претседател Абдула Ѓул

Tурскиот претседател Абдула Ѓул

Во Истанбул денеска почна конференцијата на 48 најсиромашни земји во светот. На собирот што ќе трае пет денови претседава генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, а на свеченото отворање присуствуваа и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и турскиот претседател Абдула Ѓул. Најавено е дека на конференцијата ќе учествуваат и претседателот на Авганистан Хамид Карзаи и иранскиот лидер Махмуд Ахмадинеџад. Последната слична конференција беше одржана пред десет години во Брисел.
XS
SM
MD
LG