Достапни линкови

logo-print

Косово - Недоверба во меѓународните мисии


Приштина

Приштина

Ниту една меѓународна мисија, воспоставена на Косово не успеала да го спроведе својот мандат до крај, велат аналитичарите. Освен КФОР, кој се уште ја има довербата, другите мисии постојано се критикувани од граѓаните, а во последно време и од косовските институции.

Спроведувањето на планот на Марти Ахтсари, на Косово го надгледуваат мисијата на Европската унија, Меѓународната цивилна канцеларија, мисијата на Обединетите нации, КФОР и ОБСЕ.

Тие им помагаат на косовските институции во областа на полицијата, правосудството, човековите права.

Но, во поселедно време, некои од овие мисии се најдоа на критика токму на институциите поради, како што велат, неспроведувањето на својот мандат, односно поради слабите резултати, јавува дописничката на РСЕ од Приштина Амра Зејнели.

Аналитичарот на Меѓународната кризна група Наим Рашити оценува дека меѓународните мисии лесно се воспоставуваат, но тешко се отстрануваат.

Фотографии на исчезнати лица

Притоа, како пример го наведува Кипар каде што мисијата на Обединетите нации е присутна над 30 години.

„Она што е лошо за Косово е тоа што Обединетите нации не ги одобрија планот и независноста на Косово. Овој недостиг предизвика големи проблеми за Косово, како и за меѓународните мисии. Позицијата на ЕУЛЕКС ќе беше поинаква кога таа мисија ќе беше во склоп на планот на Ахтисари.“
Лошо за Косово е тоа што ОН не ги одобрија планот и независноста на Косово. Овој недостиг предизвика големи проблеми за Косово, како и за
меѓународните мисии.

Посебен проблем за овие мисии е северот на Косово каде што функционираат српски паралелни институции.

ЕУЛЕКС соработува со локалните институции, но, како што наведуваат од таа мисија, прашањето со северот на Косово треба да биде решено на политичко ниво.

„Сите знаеме и сите се согласуваме со тоа дека северот на Косово е чувствително прашање, посебно во врска со судот во Митровица. Тоа би требало да се реши на некое политичко ниво и за тоа не решава ЕУЛЕКС“, вели портпаролот на мисијата Ирина Гудељевиќ.

Зградата на владата на Косово

Косовски официјални претставници во изминативе денови јавно го критикуваа ЕУЛЕКС за неговата, како што велат, бесполезност, а од косовската влада дури најавија дека ќе бараат поголема ефикасност од мисијата.

„ЕУЛЕКС има јасен мандат да ја поддржува владата на Косово во спроведувањето на владеењето на правото, особено во северниот дел. Затоа сакаме поголема ефикасност во спроведувањето на мандатот“, вели заменик премиерот Едита Тахири.

Од движењето Самоопределување сметаат дека малиот успех на ЕУЛЕКС и на другите мисии е во тоа што не работат во согласност со барањата на граѓаните.

Според нив, меѓународното присисутво често ја блокира демократијата на Косово, а тоа било, бидејќи, како што додваат, меѓународните мисии биле над косовските институции и закони.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG