Достапни линкови

Инциденти на локалните избори во Албанија


Вчерашните локални избори во Албанија биле проследени со низа инциденти, а четири лица биле уапсени за насилство. Домашните и странските новински агенции јавија и за судири меѓу членовите на избирачките одбори од различни партии, како и меѓу избирачите. На изборите за градоначалник на Тирана, според податоците на Социјалистичката партија, сегашниот градоначалник Еди Рама доби 53 отсто наспроти 42 отсто за кандидатот на Демократската партија Лулзим Баша. Избирачките места ги обезбедуваа над 5 илјади полицајци. Централната изборна комисија соопшти дека на изборите гласаа 50,9 отсто од граѓаните со право на глас.
XS
SM
MD
LG