Достапни линкови

Тешко ќе се најде замена за Осама бин Ладен, тврдат од Белата куќа


Властите во Соединетите американски држави тврдат дека Ал Каеда била под активна контрола на Осама бин Ладен додека тој престојувал во Пакистан, и дека ќе биде тешко да се најде замена за првиот човек на терористичката организација. Советникот за национална безбедност во Белата куќа Том Донилион, во изјава за медиумите, рече дека човекот кој се смета за наследник на убиениот основач, египетскиот хирург Ајман ал Завахири, „не е ни одблиску онаков лидер каков што беше Осама Бин Ладен“. Донилион дополни дека за сега нема информации дека пакистанските власти ја знаеле локацијата на бин Ладен.
XS
SM
MD
LG