Достапни линкови

logo-print

Сиријската војска интервенира во Хомс


Очевидци тврдат дека сиријските вооружени сили денеска интервенирале во градот Хомс и во уште неколку населени места во земјата. Според Сиријската обсерваторија за човекови права, дванаесет годишно дете загинало при интервенцијата на војската во Хомс. Новинската агенција „Ројтерс“ пренесува изјава на активист за човекови права кој тврди дека повеќе луѓе загинале, но за сега тоа не може да се потврди. Властите, од друга страна, тврдат дека при интервенцијата биле убиени 11 војници и полицајци, за што обвинуваат „вооружени терористички групи“. Петнаесетмина беа убиени во Хомс во протестите во саботата. Полициски интервенции се во тек во градовите Банијас и Дера.
XS
SM
MD
LG