Достапни линкови

Предизборни препукувања околу здравството


СДСМ доколку победи на изборите ќе промовира здравје за сите граѓани, за, како што велат, подобрување на лошата состојба во здравството. Секретарот на СДСМ Андреј Петров на денешната прес конференција рече дека ќе се заложат за бесплатно здравство за сите пензионери над 65 години возраст, за децата до 14 години и за сите сиромашни граѓани - осигуреници со месечен нето приход во семејството помал од 50 проценти од просечната нето плата исплатена во државата во претходната година. Тие вели, ќе воведат и доброволно здравствено осигурување како дополнително осигурување, со кое на граѓаните ќе им се даде можност да обезбедат повисока содржина, обем и стандард на права на здравствени услуги од правата загарантирани со задолжителното осигурување. ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на Петров, обвини дека тој нема морален кредибилитет да говори за здравството во Македонија. „Тој пред се е должен да и одговори на јавноста кога планира да ги врати парите за специјализација кој му ги даде државата, а не ги врати во буџетот на Република Македонија. Навистина е лицемерно што СДСМ воопшто собра храброст да зборува на оваа тема. Непоборлив факт е дека со СДСМ почна тонењето на македонското здравство“ стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG