Достапни линкови

Назначен нов владин состав во Кувајт


Шеик ал Сабах

Шеик ал Сабах

Државната новинска агенција на Кувајт јави дека премиерот на земјата избрал претставници за нов владин состав, откако претходните министри отстапија од функциите. Премиерот Шеик ал Сабах денеска назначил нови министри за енергетика и економија, како дел од новиот 16 член владин тим. Четворица функционери во новиот состав се од семејството на премиерот. Во изминативе неколку месеци протести избиваат на повеќе места низ Кувајт, преку кои демонстрантите бараат оставка на претседателот на владата.
XS
SM
MD
LG