Достапни линкови

Диксон Терер и Сесилија Варутумо од Кенија победници на петтиот Скопски маратон


Диксон Терер во машка и Сесилија Варутумо во женска конкуренција, двајцата од Кенија, се победници на петтиот Скопски маратон 2011 што денеска се одржа на улиците во главниот град.Терер патеката од 42,195 километри ја истрча и постави нов рекорд со време од 2.23.50 часа. Второто место му припадна на неговиот сонародник Едвин Руто, а за место на пиедесталот во машка конкуренција се избори и Унгарецот Атила Хаљагаи. Кај жените, Сесилија Варутумо со време од 2.50.06 часа славеше триумф и постави нов рекорд на патеката во женска конкуренција. Второто место и припадна на Црногорката Слаѓана Перуновиќ, а третото на Каталин Фаркаш од Унгарија. Од македонските претставници кај мажите најдобар резултат оствари Ѓорѓи Трендафилов, кој трката ја заврши на шестата позиција, додека Благица Јовановска во женска конкуренција го освои петтото место и постави нов рекорд на Македонија. Во полумаратонот, долг 21,097 километри на пиедесталот се искачија Мирослав Комарчевиќ од Србија, Александар Кираџиев од Македонија и Иван Мискељин од Србија. Кај жените триумфираше Романката Елена Моага, Ксенија Бубњевиќ од Србија го освои второто место, а за место на пиедесталот се избори и Александра Церетан од Романија. Годинава се одржа и хуманитарна трка во должина од пет километри.
XS
SM
MD
LG