Достапни линкови

logo-print

Уапсени дваесетмина екологисти близу Москва


Руската полиција денеска уапси најмалку дваесетмина екологисти кои се противат на иницијативата за сечење на шумата Кимки во близина на Москва за изградба на автопат. Лидерот на отпорот Сергеј Удалстов изјави дека меѓу уапсените е и организаторот на еколошката кампања Јевгениа Чирикова и првиот човек на либералната партија Сергеи Митрокин. Полицијата тврди дека станува збор за непријавен собир. Иницијативата за прекин на изградбата на автопатот низ шумата добива се` поголема подршка. Повеќе од 20.000 лица ја поптишаа петицијата за подршка.
XS
SM
MD
LG