Достапни линкови

Осумнаесетмина загинати во затвор во Багдад


Ирачките власти потврдија дека 18 лица загинале во затворски бунт вчеравечер, повеќемината од кои затвореници. Портпаролот на безбедносната служба во Багдад Генерал Мајор Касил ал Мусави рече дека меѓу убиените е и лидер на Ал Каеда кој беше инволвиран во убиството на 50 верници од христијанска вероисповед во Ирак во 2010 година. Инцидентот во затворот настанал откако затвореник украл оружје и го провоцирал бунтот. Седуммина полицајци и единаесетмина затвореници загинаа во инцидентот.
XS
SM
MD
LG