Достапни линкови

Спречени нападите на талибанските милитанти во Кандахар


НАТО и властите во Авганистан соопштија дека успеале да им се спротистават на нападите на талибанците во Кандахар. Милитантите вчера лансираа офанзива во најголемото населено место во југот на земјата, напаѓајки неколку владини згради и полициски станици. Надлежните соопштија дека успеале да ги спречат бомбашите – самоубијци пред да стигнат до нивните мети. НАТО, пак соопшти дека напаѓачите не успеале да се пробијат во ниту еден од нападнатите објекти. Мети на талибанците беа канцелариите на гувернерот и градоначалникот како и централата на разузнавачката служба. Авганистанските власти потврдија дека во немирите загинале еден граѓанин, еден полицаец и шестмина милитанти.
XS
SM
MD
LG