Достапни линкови

logo-print

Предизборен маркетинг во Битола?


Битола

Битола

Опозицијата во Битола ја обвинува локалната власт дека пред избори започнува со реконструкција на кејот и интервенции врз коритото на Драгор.

По подолго време ќе се реконструрира коритото на реката Драгор која се простира долж централното градско подрачје во Битола. Програмата опфаќа санирање на постоечките оштетувања, реконструкција и фугирање на делови од речните ѕидови, изградба на пешачка патека и понатамошно одржување. Реализацијата на програмата ќе чини 150 илјади евра општински пари. За опозицијата ова е предизборен политички маркетинг, проект за кого ќе се
Дали не беше подобро да се најде трајно решение за реката Драгор наместо вакви зафати пред избори со кои само ќе се закрпат одредени делови од речното корито, ќе се потрошат многу народни пари, а по извесно време ќе се јави потреба од нова интервенција.
потрошат многу пари, а ќе понуди само одделни интервенции врз коритото.

„Дали не беше подобро да се најде трајно решение за реката Драгор наместо вакви зафати пред избори со кои само ќе се закрпат одредени делови од речното корито, ќе се потрошат многу народни пари, а по извесно време ќе се јави потреба од нова интервенција. Дали не ќе беше подобро градоначалникот со неговиот тим да се обиде да најде донации за целоснон реконструирање на коритото наместо вакви делумни интервенции.“

„Во проектот пишува дека последната санација е извршена пред 20-тина години кога се изведени каскадите. Оној прокет што го правеше градоначалникот пред четири години не важи, не потрошивме пари за него, ништо не направивме. Не е ни споменат.“

„Кај рачното чистење пишува ангажирани четворица работници за 110 денови, тоа вкупно се 440 денови по 1860 денари на лице, тоа е вкупно 818.400 денари. Значи за еден месец овие работници ќе земаат плата повисока од директорската“, велат Јулијана Силјановска, Валентин Груевски и Наташа Струмениковска,
Се работи за три ѕида, од кои два се санирани, а третиот ќе го санираме летниот период кога ќе можеме да слеземе во Драгорот со потребна опрема. На време не ги презедовме активности на некои места каде имавме оштетување и рушење на Драгорот.
советници од опозицијата.

Од јавното општинско претпријатие „Нискоградба“ кое ќе ја изведува реконструкцијата, велат дека претходно извршиле скенирање на теренот, при што констатирале дестабилизација на кејските ѕидови на неколку места по течението на реката. За да не дојде до несакани последици мора да се зацврстат ѕидовите, велат надлежните.

„Се работи за три ѕида, од кои два се санирани, а третиот ќе го санираме летниот период кога ќе можеме да слеземе во Драгорот со потребна опрема. На време не ги презедовме активности на некои места каде имавме оштетување и рушење на Драгорот. Платата на еден работник во Нискоградба е 1200 денари или 1860 денари или уште 660 денари. Еден пар чизми рибарски што ги користат луѓето зашто се осум часа во Драгорот се 700 денари, а треба да имаат и облека и друга дополнителна опрема пократки, подолги чизми, а на крај и нешто за Нискоградба да остане“, изјави техничкиот директор Венцо Шишкин.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG