Достапни линкови

Нови судири во западниот дел на Либија


Нови судири меѓу бунтовниците и лојалистите на Муамар Гадафи се случуваат денеска во западниот дел на Либија. Властите во Тунис тврдат дека фрагменти од експлозивни направи се нашле на нивна територија. Mедиумите јавија дека повеќе од 30 проектили испукани од силите на Гадафи се нашле на територија на Тунис, во близина на границата со Либија. Во меѓувреме, бунтовниците ја обвинија власта за користење на хеликоптери со амблеми на Црвениот крст за бомбардирање на бунтовничките центри во градот Мисрата.
XS
SM
MD
LG