Достапни линкови

Индонезија предупреди на негативни последици од растот на цените


Индонезиските власти денеска испратија предупредување до јужноазиските држави, дека поради растот на цените на храната може да осиромашат повеќе луѓе, и побараа акција за борба со инфлацијата. Претседателот на Индонезија Сусило Јудхојоно, обраќајки се на почетокот на состанокот на Асоцијацијата на југоисточни азиски држави, рече дека земјите мора да превземат чекори против растот на потрошувачките цени. Состанокот, на кој присуствуваат претседатели од повеќе држави, се одржува во Џакарта.
XS
SM
MD
LG