Достапни линкови

Пад на домашната подршка за влез на Хрватска во ЕУ


Близу 45 проценти од хрватските избирачи го поддржуваат влезот на Хрватска во Европската унија, додека речиси 42 проценти се против, покажуваат резултатите од истражувањето на ЦРО - Демоскоп, спроведено на примерок од 1.300 испитаници. Ова истражување покажа дека поддршката за ЕУ, по пресудите на Анте готовина и Младен Маркач падна на најниското ниво во последните пет години и воедно дека е зголем бројот на оние кои се неодлучни околу пристапот на Хрватска во ЕУ, коментираат медиумите. Сега неодлучни се 13,6 отсто, што е најмногу последната година. Иако бројот на оние кои го поддржуваат влезот во ЕУ и натаму е поголем од оние кои се против, прашање е како во Хрватска би минал референдумот за Унијата доколку се одржува во овој момент, коментира хрватскиот интернет портал индекс.
XS
SM
MD
LG