Достапни линкови

Белата Куќа најавува нови мерки против режимот во Сирија


Белата Куќа соопшти дека Соединетите Држави и нивните сојузници ќе превземат дополнителни мерки против режимот во Сирија доколку сиријските сили не престанат со убивањето и тортурата на про-демократските демонстранти. Ова соопштение дојде по информациите дека вчера сиријските сили убиле уште 26 лица кои протестирале против владеењето на режимот на претседателот Башар Ал Асад. Соединетите Држави ја поздравија вчерашната одлука на Европската Унија за воведување санкции против официјални претставници на режимот во Сирија.
XS
SM
MD
LG