Достапни линкови

logo-print

Таткото на американскиот заробен војник во Авганистан, бара помош од Пакистан


Заробениот американски војник Бов Бергдал

Заробениот американски војник Бов Бергдал

Таткото на единствениот американски војник кој моментално е заробен од милитантите во Авганистан, преку видео порака на Јутјуб, упати апел до пакистанската армија да помогне во ослободувањето на неговиот син. Роберт Бергдал директно се обраќа до првите луѓе на пакистанската армија и од нив бара да се заложат за спасување на неговиот син Бов. Бов Бергдал беше киднапиран во Авганистан во 2009-та година, а деновиве била прикажана видео снимка на која милитантите го држат во заробеништво во авганистанската провинција Пактика.
XS
SM
MD
LG