Достапни линкови

ЕУ воведува санкции против Сирија


Европската унија денеска се согласила да воведе санкции против Сирија, наведуваат новинските агенции, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел. Притоа се прецизира дека станува збор за ембарго на оружје, за замрзнување на сметките и за забрана за влез на 13 членови на сиријската влада во Унијата. Санкциите нема да се однесуваат на претседателот Башир ал Асад. Мерките треба да бидат одобрени од владите на земјите членки и се очекува да стапат во сила во наредниве недели. До овој потег доаѓа кога од Сирија доаѓаат извештаи дека во денешните антивладини протести загинале 16 луѓе.
XS
SM
MD
LG