Достапни линкови

Путин упати апел за широка изборна коалиција


Рускиот премиер Владимир Путин денеска ги повика политичките сили, младинските организации и синдикатите да се обединат со партијата Единствена Русија за претстојните парламентарни и претседателски избори. Говорејќи пред членови на партијата во Волгоград, Путин изрази уверување дека кандидатите за пратеници ќе бидат утврдени до крајот на септември годинава. На парламентраните избори во декември се гледа како на тест на Единствена Русија пред претседателските избори во март догодина.
XS
SM
MD
LG