Достапни линкови

ЕК: До јуни без промена на визната либерализација


Eврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром

Eврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром

Европската комисија засега не планира да преземе какви било мерки, кои би воделе кон укинување на визната либерализација за земјите од Западен Балкан, изјави денеска во Брисел Марцин Грабиец, портпарол за еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром. Грабиец потврди дека Комисијата пред неколку дена добила писмо од белгиската влада во кое се изразува загриженост поради одредени злоупотреби на визната либерализација, но додаде додаде дека Комисијата мошне внимателно ја следи ситуацијата и објавува извештаи на секои две недели. Тој сегашната ситуација со имигрантите ја оцени како „нормална,,.
XS
SM
MD
LG