Достапни линкови

„Република Македонија како општество на еднакви можности“


„Република Македонија како општество на еднакви можности - меѓу владеењето на правото и традицијата“ е темата на меѓународната конференција што денеска се одржа во Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиj“ во Скопје.
Организатори на конференцијата се Европското движење во Република Македонија, Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиj“, делегацијата на ЕУ во Скопје, Секретаријатот за европски прашања и Фондацијата „Конрад Аденауер“.
Робин Лидл од Делегацијата на Европската унија во Македонија смета дека за да се постигне општество во кое постои еднаквост треба да се направи одредбите на законите кои се занимаваат со еднаквите можности да станат традиционална практика која ќе биде цврсто воспоставена од сите и да нема потреба од пишан закон.
XS
SM
MD
LG