Достапни линкови

Филе - слободата на изразување е темел на Европската Унија


Европскиот комесар за проширување Штефан Филе изјави денеска во Брисел дека слободата на изразување е еден од темелите врз кои е изградена Европската унија и мора да се брани по секоја цена.
Државите на Западен Балкан и Турција на тоа поле се соочуваат со три основни проблеми - политички притисоци, економски притисоци и заплашување, смета тој.
ЕУ„ е многу загрижена за сегашната ситуација. Медиумите се соочуваат со сериозни предизвици, а надминување на тие предизвици претставува обврска од Повелбата за човекови права и е суштински елемент на Копенхашките критериуми“, рече Филе на конференција за слободата на изразување и медиуми на Западен Балкан и во Турција.
XS
SM
MD
LG